На неполни две недели до почетокот на новата сезона во Првата лига, АВ Охрид ротираше со американски кошаркари во составот. Од Охрид замина Маркус Џексон, а пристигна Шакир Смит.
Џексон во подготвителните натпревари не ги исполни очекувањата и дојде до спогодбен раскин на договорот со охридскиот клуб. „Галебите“, експресно реагираа и го доведоа Шакир Смит, кој во минатото соработуваше со моменталниот предводник на охриѓани Марјан Илиевски во Блокотехна.
Кошаркарските возбудувања во нашата земја почнуваат следниот викенд, а АВ Охрид авантура во Првата лига ја започнува во Гевгелија против Кожув.
OhridNews