Американската пливачка Реган Смит постави нов светски рекорд за време на квалификацискиот натпревар за Олимписките игри.
Турнирот се одржува во Индијанаполис. Таа 100 метри грбно ги исплива за 57,13 секунди.
Претходниот рекорд го држеше Австралијката Кејли МекКеун, која патеката 100 метри ја исплива за 57,33 секунди во 2023 година.
Дваесет и двегодишната Смит е трикратна светска шампионка и актуелна светска рекордерка на 100 метри, 200 метри грбно и штафета на 4х100 метри.
OhridNews
фото. МИА/ЕПА