Американката Бес Купер со своите 114 и пол години и официјално била прогласена за најстара личност на светот. Нејзиниот рекорд официјално го потврдиле претставници на гинисовата книга кои ја посетиле во домот за стари лица во кој живее. Од своето раѓање во далечната 1896 година била сведок на сменувањето на 21 американски претседатели во Белата Куќа, од Гровер Кливленд до Барак Обама.


Таа ја презела титулата за најстара личност на светот по смртта на Џунис Шенборн, која починала минатиот месец во Џексонвил, Тексас. Нејзиниот син тврди дека за нејзината старост најмногу допринесле добрите гени, но и среќно детство минато во друштво на седум постари браќа со кои се капела во реката во родното Тенеси.