Полицијата од американскиот град Калумет веќе одавна заборавила на казната од еден долар за неправилно паркирање од 1976 година.

Но жената која ја нашла на шофершајбната од својот автомобил не заборавила.

Ливчето на кое била напишана казната, порака и 20 долари стигнале во полициската станица во обичен бел коверт, но без адреса на испраќачот.


Во пораката пишувало „Одсекогаш имав намера да ја платам казната. Ја ставив настрана, а кога ќе налетав на неа си велев дека кога тогаш ќе ја платам. Мислам дека сега е време“

Казната за неплаќање се зголемила на 5 долари после 72 часа, но после тоа кзните не се зголемуваат, објаснил началникот на полицијата Давид Оутинен. Вели дека не се сеќава дека некој платил казна после толку време.

Жената се надева дека со плаќањето на казната ќе му стави крај на целиот случај.

– Ве молам да не се обидувате да ме најдете. Јас сум угледна госпоѓа – пишувало на крајот од пораката упатена до полицијата.