Американката Мишел Дугар во четвртокот со царски рез во болница во градот Роџерс во Арканзас родила девојче, кое и е 18-то дете по ред.


Сопругот Џим Дугар изјавил дека мајката и ќерката се добри, а раѓањето на својата ќерка го нарекол „единствен божиќен дар“. Џим (43) и Мишел (42) сега имаат 10 синови и 8 ќерки. Најстарото дете има 20 години.

Интересно е дека имињата на сите деца им започнуваат со буквата Ј: „Joshua, Jana, John, Jill, Jessa, Jinger, Joseph, Josiah, Joy, Jeremiah, Jedidiah, Jason, James, Justin, Jackson, Johannah, Jennifer i Jordyn“.