Американкаа Лора Лоис ЛеМонд Вајт Харди, која оввој месец ќе наполни 100 години, конечно положила матура. Лора го напуштила средното училиште во даленчата 1933 година како би го издржувала своето семејство. И недостасувале само неколку оценки за да матурира. Таа вчера успеала да добие диплома и тоа во својата стара гимназија во Андерсон, Индијана.

 

Според пишувањето на локалниот весник “Хералд Булетин“, Лора го прекинала своето школување додека траела Големата депресија и се вработила во фабриката Џенерал моторс каде работела на трака полни четири децении, се до пензијата во 1974 година. Како што пренесуваат агенциите, Лора своите 100 свеќички ќе ги дува на 28 мај.