Една американка, чиј идентитет не е откриен, употребила спреј во неколку оддели на продавницата Волмарт за да дојде прва до саканите производи. Со спреј солзавец ги прскала луѓето околу неа, меѓу кои имало и деца, и на сите нив им е укажана медицинска помош поради полесни повреди.
Жената имала намера прва да дојде до видео игри за “Xbox” i “Wii”, куклите “Bratz” и трицикли.
“Луѓето почнаа да викаат и да се туркаат кога одненадеж солзавецот ја исполни просторијата“, изјавил еден од купувачите, наведувајќи дека луѓето многу се вознемириле.