Тринаесетгодишната Aмериканка Рина Хардест успеала во еден месец да напише 14 528 кратки пораки од мобилен телефон.

Поделено со деновите во месецот испаѓа дека девојката испраќала во просек преку 468 пораки дневно, односно на секои две минути по една порака. Изненадувањето било најголемо за нејзиниот татко кога ја добил сметката на 440 страни. Но се чини дека зависноста од пишување СМС-пораки во семејството е наследна, бидејќи татко и признал оти испраќа околу 900 пораки месечно, што е за 700 повеќе отколку просекот за неговите години.


Инаку според едно истражување, тинејџерите во Америка просечно испраќаат по 1 742 СМС-пораки месечно.