На Денот на мајката американските медиуми објавиле приказна за 41 годишна жена од Арканзас, која го носи своето 18. дете кое би требало да се роди на 1.јануари.
Мишел Дугар е мајка на седум девојчиња и десет момчиња, а меѓу нив два пара се близнаци. Најстарото дете има 20 години, а најмладото 9 месеци. Ова семејство живее на северозапад во Арканзас во дом од 650 квадратни метри. Имињата на сите деца почнуваат на буквата Џ и децата не посетуваат училиште туку наставниот програм го следат во семејството.