Истражувајќи ја семејната историја, американскиот бизнисмен Марк Еванс наишол на ориинален рецепт за познатото виски „Џек Даниелс“, кој го запишала неговата чукунбаба и тоа во книга со билни лекови. Рекол дека е сигурен дека го пронашол оригиналниот рецепт. Барал некои фотографии и стари предмети, а на дното од куферот ја пронашол книгата, која неговата чукунбаба ја напишала во 1853 година. Еванс додал дека „Џек Даниелс“ настанал во 1866 година, а книгата била постара.
Неговата баба, Лилиан Даниелс Проберт, се сеќава дека нејзината баба ја користела таа книга кога правела билни лекови. Интересно е тоа што историјата за настанувањето на ова американско виски не е позната, бидејќи целата документација проврзана со пронаоѓањето на овој пијалок изгорела во пожар. По повод овој случај се огласиле и од компанијата „Џек Даниелс“ и изразиле желба да ја видат книгата во која се наоѓал рецептот.