Даг Ниблек од Орегон тврди дека во понеделникот сурфал на грбот од голема бела ајкула. Раскажува дека сакал да го фати и последниот бран пред да оди на работа, кога под даската почувствувал дека нешто го крева нагоре.
-Беше страшно тоа што од никаде се створи под мене. И ја видов перката . Беше како во филм – раскажува Даг.
Со него во океанот биле уште двајца сурфери, но Даг отпливал подалеку од нив. Станал на даската и удрил во нешто тврдо.
– Кога сфатив што е, мислев дека ќе умрам. Откако исчезна по неколку секунди, почнав да пливам кон обалата и мислев: “Само да не плива по мене“.-вели Даг.
За ова необично сурфање сведочат неколку луѓе, кои велат дека навистина му веруваат на Даг, со оглед на штетата направена на даската и начинот на кој започнал да вриска.