Американецот, Гохан Мутли, кој не добил седиште во авионот за време на 5 часовниот лет и морал да седи на ВЦ шоља во тоалетот, побарал од авиокомпанијата да му исплати 2 милиони долари оштета, бидејќи претрпел „огромно понижување“.

Кога Мутли дошол на аеродромот за редовно да се пријави за лет Њујорк – Сан Диего, му било речено дека нема место во авионот, се наведува во тужбата поднесена до врховниот суд на државата Њујорк.


На патникот му било одобрено да влезе во авионот, бидејќи еден член од екипажот се согласил да му го отстапи местото. Меѓутоа, после 90 минути лет, пилотот му рекол на Мутли дека треба да стане од помошното седиште за екипаж и да оди во тоалетот до крај на летот.

„Пилотот се налутил на однесувањето на Мутли и му рекол дека треба да е среќен што воопшто се наоѓа во авионот“ – се наведува во тужбата.

„Во еден момент се почувствувале турбуленции, а Мутли седел на ВЦ шољата без појас, што му предизвикало огромен страв“, се додава во тужбата.