Во текот на 12 месеци, триесет и седум годишниот Американец секој ден читал од 8 до 10 часа. Дваесетте тома, тешки повеќе од 62 килограми, имаат 21.730 страни во кои се испишани 59 милиони реченици.
По маратонското читање на енциклопедиите, момчето изјавило дека книгите ниту малку не придонеле неговиот говор да стане подобар и да го направат поинтелегентен.
– Читањето имаше ужасни последици на мојата способност да комуницирам со луѓе. Во мојата глава имаше толку голем број реченици што ја изгубив моќта на говорот, рече Американецот.
Како што пренесуваат американските медиуми, запрашан да го каже значењето на 10 непознати зборови кои се наоѓале во енциклопедиите, момчето точно одговорило на пет.