На еден Американец од Портланд, кој наводно се обидел да си ја прегази сопругата со камион за ѓубре, му се заканува тужба за насилство во семејството. Анонимниот 40-годишник и неговата сопруга биле на гости кај своите пријатели каде што се поднапиле.
Жената му изјавила на заменикот на шерифот дека започнале да се караат. Таа си отишла дома со своето куче. Мажот седнал во камионот за ѓубре и тргнал кон неа, ја промашил и се удрил во едно дрво. Побегнал пешки, но полицијата набрзо го пронашла кај еден сосед.