Побегнат бизон поради топлото време одлучил да се искапе во базен, чиј сопственик повикал полиција и снимал додека го ваделе животното од водата.


Бизонот побегнал во базенот на својот сосед Крис Нонемејкер во Џорџија. Шокираниот сопственик повикал полиција откако го пронашол бизонот како се брцка под церадата која го покривала базенот.

Откако  стигнала полицијата, господинот Нонемејкер снимал додека го извлекувале бизонот од водата. Конечно , кога успеале да го извадат, полицајците морале и да бегаат бидејќи на бизонот не му се допаднало тоа што го вадат од водата на многу топлото време.