Херман „Хај“ Голдман наполнил 101 година оваа седмица, но и понатаму не размислува за пензија. Стариот американец минал 73 години на истото работно место во Њу Џерсим каде и денес работи четири дена во седмицата. Неговите колегиво компанијата Капитол Лајтинг во Ист Хановер во понеделниот заедно со него го прославиле роденденот.

Освен краткото отсуство за време на Втората светска војна, додека и служел на татковината, Хај во оваа компанија, која произведува расвета, работи во 1941 година. Најпрво работел како продавач и ги чистел излозите. Неговата колешка Сенди Ронко рекла дека Хај во меѓувреме се специјализирал за поправка на оштетени и неисправни производи. Хај и понатаму на работа оди со автомобил.