Во бизарно злосторство што ја шокира Америка, Thimothy Wayne Shepherd ја убил својата бивша девојка, ја искасапил и потоа ја испекол на скара на балконот од својот дом, пренесува „АP“.
Најмалку два дена соседите во станбениот комплекс забележувале остар мирис, црн чад и оган кој излегувал од двете скари поставени на балконот од станот на вториот кат, и се прашувале што се случува во станот на 27-годишниот Shepherd и што тој пече со денови на скарата. Потоа ги потресла страшната вистина.
Според полицискиот извештај, Shepherd го искасапил, а потоа го испекол телото на поранешната негова девојка, 19-годишната Tyneshe Stewart. Од нејзиното тело не останало ништо.
Tineshe Stewart Timothy Shepherd
“Мислев дека е мил и нормален дечко. Изгледа никогаш не можете да знаете кој всушност живее во соседството“, изјавила шокираната Louise Evans, чиј балкон се наоѓа наспроти тој на Shepherd.
Shepherd и признал на полицијата дека ја задавил и искасапил девојката, инаку бруцош на колеџот А&М во Тексас, кога дошла дома за пролетните празници, поради тоа што таа имала нов дечко. Несреќната Stewart последен пат била видена на 15 март. Нејзиното исчезнување било пријавено четири дена подоцна, а на 20 март полицијата започнала истрага. Соседите на Shepherd на 16 март забележале како на неговиот балкон се случува нешто чудно, а почнала да се шири и непријатна миризба.
“Мирисот беше неподнослив. Се прашував што гори? Не готвеше туку гореше. Во тоа беше разликата“-изјавила сосетката Еванс која исто така го забележала “печењето“ на Shepherd на балконот.
index.hr
Г.М.