Американскиот атлетичар Фред Керли оствари најдобар резултат годинава на 100 метри, истрчувајќи ја патеката за 9.83 секунди на националното првенство во Еуген.
Керли на Олимписките игри во Токио го освои сребрениот медал во најбрзата дисциплина, а неговото остварување во Еуген е за две стотинки побрзо од резултатот на Кениецот Фердинанд Омануале.
На митингот во Најроби на почетокот на мај, кенискиот спринтер ја истрча патеката за 9.85 секунди.
OhridNews