Вчера во 15,34 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Љубаништа, охридско паднал параглајдерист.
Од увидеот на лице место што го извршиле полициски службеници од СВР Охрид констатирано е дека во 15,20 часот при слетување на плажата со параглајдер Д.J.Р. (57) од САД, паднал на патничко моторно возило марка „Мицибуши“ со скопски регистарски ознаки.
Параглајдеристот со возило на итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.