Кристијан Наумоски охриѓанче во Америка,  има само 12 години, а со својот фудбалски талент го сврте вниманието на фудбалските менаџери во САД. Тренира со своите врсници во малку познат клуб во Крамп Поинт во сојузната држава Индијана. Забележан е на кампот за избор на млади фудбалери кои ќе ја претставуваат државата Индијана , каде меѓу 150 талентирани деца Кристијан е најдобар во изборот на професионални тренери.


Америка воодушевена од младиот Кристијан

„На  селекција стигнавме со задоцнување поради проблеми по пат а од трнингот остана само еден час“, раскажува дедото на Кристијан Наум Алексоски кој е и негов личен тренер надвор од фудбалската школа. Ни кажаа дека изборот е направен но дека детето може да поигра со своите врсници. По извесно време откако Кристијан доби шанса бевме веднаш повикани од селекторите кои ни соопштија дека тој влегува во финалниот избор каде меѓу 150 врсници од Индијана беше најдобар. Кристијан ќе настапува во т.н. оригинал тим и ќе ја претставува Индијана на наредната селекцијата на која ќе учествуваат најдобрите млади фудбалски таленти од 14 сојузни држави.

Неговиот талент го забележал српскиот тренер и скаут Алекс Михајловиќ кој работи во Чикаго и професионално е ангажиран од репрезентацијата на САД. Наскоро семејството на Кристијан треба да се сретне со Михајловиќ кој веќе понудил Кристијан да се пресели во Чикаго.


има само 12 години а веќе е интересен за менаџерите

Во меѓувреме талентираниот Кристијан одмара со семејството во Охрид. Оди на плажа и игра со врсниците, но не ја заборава топката. Во паркчето крај зградата на бул.Туристичка ни демонстрираше дел од своите фудбалски вештини. Идол му е Кристијано Роналдо, а омилен клуб Манчестер. Па се надеваме дека еден ден ќе ни испрати дрес од омилениот клуб со посвета и дека ќе стигне далеку во фудбалската кариера. Има само 12 години а веќе е интересен за фудбалските менаџери. Во спортот денеска ништо не е случајно нели….

Г. Момироски