Ураганот Густав  премина во четврта категорија, но метеоролозите предвидуваат дека тој под влијание на топлите струи над Мексиканскиот залив ќе добие дополнителна сила и ќе прерасне во Ураган од петта категорија  со огромна разорна моќ, поснажен од „Катрина“ кој пред три години го збриша Њу Орлеанс при што загинаа 1500 луѓе.


„Густав“ ја зголемува моќта

Ураганот „Густав“ исто така се очекува да го погоди овој град на југот од САД, поради што градоначалникот на Њу Орлеанс нареди итна евакуација на жителите.


Њу Орлеанс се евакуира

Досега ураганот кој ги зафати Куба и Карибите однесе 80 човечки животи, а евакуирани се 240.000 граѓани од тие подрачја. Се очекува „Густав“ да го погоди Њу Орлеанс во вторник. Разорниот ураган според предвидувањата ќе го зголеми нивото на морето за 4,5 до 9 метри поради што опасноста од поплави во Њу Орлеанс кој е под нивото на морето е голема.

Ohridnews