Екипата на Лабуништа забележа нов триумф во подготвителниот период совладувајќи го составот на Питу Гули на тест средбата во Охрид со 2-0, полувреме 0-0.

Избраниците на Пепи Џигероски отпорот на гостинскиот состав кој добро се бранеше го скршија во 50-та минута. Петар Љамчевски со погодок ја казни грешката на потесната одбрана. Печат на победата стави Сунај Хасан, кој мечот го започна од клупата.

Составот на Лабуништа кој има високи амбиции и цели генералката пред почетокот на сезоната во Втората МФЛ ќе ја има на домашен терен против Дрита на 22 февруари.

Во првата рунда од пролетната полусезона, Лабуништа на домашен терен го пречекува тимот на Охрид.

OhridNews