Охридскиот ракометен состав пред почетокот на сезоната во Супер лигата имаше големи амбиции кои се во расчекор со досегашните резултати.
Ракометарите на Охрид во последните шест натпревари од елитата имаат само две победи над последнопласираниот Текстилец и Пелистер.
Во преостанатите четири натпревари охриѓани претрпеа три порази од кои два на домашен терен и еднаш ремизираа.
По десет одиграни натпревари охриѓани имаат четири победи, две нерешени средби и шест порази и со 14 бодови се наоѓаат на шестата позиција на табелата.
Сезоната сеуште не е загубена, има уште осум натпревари до крајот на шампионатот, но „гладијаторите“ веќе немаат право на грешка без разлика на противникот.
Мх.П.