Повремениот македонски репрезентативец Кире Маркоски останува во Првата лига, откако го засили составот на Шкупи.
Екипата од Чаир во летниот преоден рок гради ростер кој треба да биде конкурентен во битката за титулата со Шкендија. Еден од таквите потези е доведување на Маркоски, кој знае и умее да пружи добро партии кога е најпотребно.
Сакам да се заблагодарам на претседателот на клубот Олгун Ајдин, спортскиот директор Омер Буњаку и тренерот Гоце Седлоски за довербата и дадената можност. За време на разговори пред договорот што ги водевме, ми ги презентираа своите идеи, целите и амбициите на клубот. Сето тоа се главните причини за мојот потпис со Шкупи. Верувам дека под водство на тренерот Седлоски можеме да стигнеме до плеј-офот во Конференциската лига и да ги исполниме целите на клубот, – рече Маркоски.
Маркоски во Шкупи се преселува од Академија Пандев каде ја помина минатата сезона.
OhridNews