Манекенката Амбер РоуЗ и раперот Виз Калифа станале горди родители на синот Себастијан. Не минало долго од породувањето, а манекенката веќе на Инстаграм објавила фотографија од синот во прегратките на таткото. Таа напишала дека Виз е најдобриот татко на светот. Додала дека многу е среќна и дека повторно се заљубила преку глава.
Амбер и Калифа ги промениле своите лоши навики, престанале да пушат и сакаат да бидат најдобри родители за своето синче. Амбер веќе порачала дека сака да има уште деца како малиот Себастијан би имал брат или сестра.