Младата актерка Амбер Хард не сака врската со Џони Деп да фрли сенка во нејзината кариера. Не и се допаѓало тоа што медиумите често забораваат дека и таа е уметник, а не само девојка на холивудскиот азводник. Таа изјавила дека врската со Деп не била дел од нејзиниот спофесионален живот. Сакала да биде уметник, а не славна личност. Според неа, може да се видат нејзини фотографии од бензинска пумпа, од парк, но никогаш од ноќен клуб.

Таа додала дека никогаш не би можела да живее како Ким Кардашиан или Анџелина Џоли, чие движење е постојано следено од папараците. Не сакала да се менува затоа што ја гледаат луѓето и секогаш го кажувала она што го мислела.