Амбасадорот на Македонија во САД Зоран Јолевски е предложен за нов преговарач во разговорите со Грција за спорот со името. Информацијата синоќа ја потврдија владини претставници.

За предлогот, премиерот Никола Груевски телефонски го информирал претседателот Бранко Црвенковски, кој  според Владата се согласил Јолевки да го замени досегашниот македонски преговарач за името, Никола Димитров.

На барање на Јолевски во преговарачкиот тим за името  со Грција ќе останат и Никола Димитров и Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на премиерот Груевски.

Ohridnews