Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Н.Е.Ралф Андреас Брет вчера престојуваше во официјална посета на Охрид, каде оствари  работна средба со градоначалникот Александар Петрески и неговите соработници.

На средбата како што соопшти општинската служба за информирање, германскиот амбасадор се интересирал  за актуелните состојби во општината и активностите на Локалната самоуправа во овој период, како и за плановите за идниот развој на Охрид.

Градоначалникот Петрески го информирал  Амбасадорот  за достигнатиот степен на децентрализацијата на власта и за напорите околу заштитата на Охридското Езеро за што, како што е познато, германската Влада своевремено, преку КФВ Банката ја донираше средства за изградба на колекторскиот систем.

Помошта на Германската влада во изградбата на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро е одраз на нашата филозофија за заштита на животната средина. На тој план ние и натаму ке настојуваме да соработуваме, истакнал по средбата Амбасадорот Брет кој е чест гостин на Охрид.

ohridnews
фото: ohrid.gov