Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Ерван Фуере, денешната посета на Охрид ја искористи и за неформална средба со новинарите.

Како што  вети на Верскиот празник “Водици, кога беше дел од традицијата со капењето во езерските води, првата прилика што ќе му се укаже кога е во Охрид, ќе ги покани новинарите на заедничко дружење.

Ветувањето го исполни со ручек во  ресторанот “Далга”. Фуере уште еднаш потенцира дека се чувствува пријатно секогаш кога е во друштво со новинарите во Охрид, а тоа ќе го докаже, како  што рече, со закажување на уште една средба со нив.
Денеска паднаа  и официјалните честитки до Борис Ѓорѓиоски, новинарот од Македонската информативна агенција, по повод неговото пензионирање.

Новинарството е стресна професија, затоа колегите не можеа а да не му посакаат мирни пензионерски денови. И што би му подариле на еден пасиониран риболовец, ако не рибарска јадица.

А.Ристоска