Американскиот амбасадор Рикер, рече дека заложба на САД е да се работи на вопсоставување добри односи меѓу сите држави во регионот.
–Наша цел во 21 век е да ја видиме Европа со граници кои обединуваат, а не разединуваат. Она што е битно во овој момент е обезбедување стабилност и безбедност за сите граѓани на Европа. Тоа го посакуваме за сите наши пријатели и сојузници во Европа вклучувајчи ги и оние на Балканот, истакна Рикер.
Францускиот дипломат, Бернар Валеро, со порака односите помеѓу Атина и Скопје да се фокусираат на процесот за изнаоѓање решение за спорот околу името, што се води со посредство на ОН.
-Она што ние го посакуваме, кога велам ние мислам на сите Европејци, е навистина да не се запре со воспоставената динамика во преговорите, односно истото да не биде забавено, туку токму спротивното, да биде што поинтензивно и навистина двете страни да можат што побрзо да дојдат до заедничко решение. И се разбира, секојдневно да работиме создавајќи мирољубива иднина и мислам дека тоа го прават и двете страни, и Атина и Скопје, за навистина да се надминат сите проблеми и да се фокусираме на суштината, а тоа е решение прифатливо за двете страни, рече Валеро.