Меѓународната заедница одблиску го следи исполнувањето на обврските за зачувување на универзалните вредности на Охрид поради кои регионот е на листата на заштитени подрачја на УНЕСКО како место со непроцелнива природна и културна вредност. На таа тема телефонски разговарале градоначалникот на Охрид Константин Георгиески и Амбасадорката на САД во земјата Н.Е. Кејт Мари Брнз.
Разговаравме за посветеноста и заложбите на локалната и централната власт да постапуваат согласно законските прописи и конечно да се стави ред во управувањето со крајбрежјето на Охридското Езеро, која е една од главните препораки на УНЕСКО. – се осврна на разговорот со американската амбасадорка градоначалникот Георгиески.
Општина Охрид доби поддршка за напорите да се исполнат препораките на УНЕСКО и од страна на Амбасадорот на Франција во Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние.
Амбасадорот Тимоние ги поздрави досегашните заложби и на локалната и на централната власт во рамки на целокупниот процес и сите активности во делот на почитување на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.
OhridNews