Реставрацијата на Али пашината џамија во охридската чаршија беше голем сон на Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ергодан, изјави турската амбасадорка Тулин Еркал Кара при денешната посета на овој верски објект. Таа најави дека тој ќе присуствува на официјалното ставање во употреба на џамијата, која инаку е споменик на културата заштитен со закон.
Се работи на усогласување на термин кој одговара на сите, претседателот Ердоган заедно со македонскиот државен врв да присуствува на свеченото отворање на реконструираната џамија во Охрид. – рече Тулин Еркал Кара.
Амбасадорката на Турција не гледа ништо спорно што реконструкцијата на Али Пашината џамија која три години се туркаше само со проект за реставрација и конзервација изработен од Завод и Музеј Охрид и без одобрение за градба. И покрај тоа што изведените градежни работи не се целосно во согласност со издаденото конзерваторско решение поради што беше изречена и мерка за забрана за градба, абмасадорката на Турција со став дека се испочитувало се што било договорено помеѓу двете држави во врска со реконструкцијата на верскиот објект, кој ја разбранува јавноста.
За реконструкцијата на Али Пашината џамија во Охрид имаше протокол потпишан помеѓу двете земји. Иако имаше одредени ситни забелешки, мислам дека реконструкцијата е направена максимално верна на оригиналот. Имам информација дека тука имало одредени реакции во јавноста поврзани со изградбата на џамијата, но се потрудивме да се придржуваме до проектот предвиден со протоколот. – рече Тулин Еркал Кара, амбасадор на Р. Турција во Скопје.
Спорд неа граѓаните треба да ги почитуваат различностите, вклучително и религиозните, посочувајќи дека реконструирнаната Али Пашината џамија во Охрид претставува наследство за идните генерации, но и додадена вредност на туризмот затоа што многу луѓе ќе доаѓаат да ја посетуваат. Таа подвлече дека Генералното муфивство на Турција преку „ТИКА“, која ја финансира реконструкцијата на Али Пашината џамија во Охрид, до сега има реконструирано над 1000 верски објекти во Македонија.
OhridNews