Најголемиот интернет трговец Амазон тестира нов паметен телефон, а производството се очекува да започне покасно оваа година или во почетокот на следната велат извештаи од Wall Street Journal.

Амазон соработува со азиски компани за делови на мобилни телефони за да ја тестира својата нова направа, која ако се покаже успешна би влегла во преполниот пазар доминиран од мобилните уреди на Епл и Самсунг.
Ова е и донекаде очекуван чекор од компанијата Амазон главно поради успехот кој го има постигнато како пионер во електронските книги со читачот “Kindle” со кој забележува огромен раст на популарност во последните неколку години.