Култниот филмски серијал „Lord of the rings“ – „Господар на прстените“, ќе биде преточен во тв серија, најави компанијата „Амазон“ која за 200 милиони долари ги откупу правата од семејството на Толкин.
Според најавите ќе бидат снимени пет сезони, а за секоја поединечно „Амазон“ планира да инвестира 150 милиони долари, што претставува најскап телевизиски проект на сите времиња.
Дејствието на тв серијата според најавите ќе биде сместено во периодот пред случувањата во филмот „Дружината на прстенот“, првиот од трилогијата филмови на режисертот Питер Џексон, кој подоцна сними уште една трилогија „Хобит“.
OhridNews