Аматерската репрезентација на Македонија обезбеди пласман во втората рунда од УЕФА купот на региони откако ремизираше 0-0 против соодветната селекција на С.Ирска во Струмица.

Македонија која настапува како Јужнозападен регион оди понатаму, благодарение на подобрата гол разлика од директниот конурент. Македонија со 1-0 го совлада регионот на Северен Велс со 1-0 додека со 7-0 го победија регионот Херстрафорс од  Шведска.

Сакам да им честитам на моите фудбалери кои го посакуваа тримфот. Одиме понатаму повеќе од заслужено, имаме млад но екстра талентиран тим – посочи тренерот Мите Митев.

Во селекцијата на Македонија, настапија охриѓанецот Томче Речкоски, стружанецот Ивица Келешоски, а беа предводени од капитенот Раиф Мисерловски на голот.

Македонија во групата за квалификации за Европското првенство ќе игра против Србија, Азербејџан и домаќинот Литванија. Квалификациите се играат во апррил.

ohridnews