Македонската аматерска репрезентација со високи 7-0 ја совлада соодветната репрезентација на Шведска.

“Црвено – жолтите“ предводени од двојниот стрелец Ивица Келешовски до врв ја наполнаа мрежата на “викинзите“. Покрај стружанецот два гола уште постигна Емилио Божиновски, а мрежата ја тресеа уште Даниел Котески, Бојан Петровски  и Марјан Ташков.

Наредниот меч кој ќе одлучува за првата позиција на табелата Македонија ќе го игра против Ирска во вторник.