Аметарската репрезентација на Македонија со победа над Србија 2-1 го започнаа турнирот во Литванија.

Погодоците за фудбалерите кои доаѓаат од Втората македонска фудбалска лига ги постигнаа Стојчевски и Котески додека почесен гол “орлите“ дадоа во финишот на средбата.

Охридскиот второлигаш во аметарската селекција има еден фудбалер и тоа Томче Речкоски, кој веќе две години е дел од репрезентација.

Во втората рунда избраниците на Мите Митев ќе се сретнат со селекцијата на Азербеџан, која во на стартот од турнирот го совлада домаќинот со 3-0.

Мх.П.