Трите погодоци за македонска аматерска селекција ги постигнаа фудбалерите на Караорман, Ивица Келешовски еден и Климе Далчески два.
– На дуелот со домаќинот забележавме сигурна и заслужена победа. Доминиравме во секој дел од теренот, головите ги постигнавме со мојот соиграч од Караорман и вниманието го насочуваме кон репрезентација на Азербеџан – рече Келешовски.
Охриѓанецот во репрезентација Томче Речкоски во игра влезе во 74-та минута на местото од Вардиноски.
Победата против Србија не е регистрирана откако “орлите“ доставиле жалба
за голманот Мирселовски, кој имал професионален договор. Жалбата на
србите им била освоена, натпреварот е регистриран 3-0 и бодовите им се доделени нив.