Физичкото образование е еден од најбитните сегменти во севкупниот образовен процес, кој има повеќекратни позитивни ефекти врз идниот развој на младите. Спортската активност е клучен фактор за создавање на здрави генерации какви што ѝ се потребни на Општина Охрид, вели Наум Јамандиев, кандидат за член на Советот на Општина Охрид од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

Во таа насока, за потребите на жителите на Лескоец и за здравиот развој на младите гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески“ со цел подобрување на физичкиот развој. Придобивки од овој проект имаат и спортските клубови во село Лескоец, вели Јамандиев.

Додава дека образовниот процес не е само теоретска наобразба на учениците од учебници.

Основното образование е темел на нашата иднина, расадник на нова идна генерација мислители, научници и иноватори, уметници, водачи и креатори на новите стандарди и на новиот начин на живеење во Охрид, рече Јамандиев.

Додава дека во таа насока гарантираат изградба на ново, современо основно училиште.

OhridNews