Со проекцијата на новиот филм на режисерсо-продуцентскиот тандем браќата Коен, „Аве, Цезаре“, синоќа беше отворен 66. по ред филмски фестивал во Берлин, познат како Берлинале. Главна ѕвезда на синоќешниот црвен тепих не беше Џорџ Клуни, кој ја толкува главната улога во филмот, туку неговата сопруга во винтиџ фустан со потпис на Ив Сент Лорен, дизајниран во 1981 гдина, кој Амал го носеше во сосем ново издание.
Во филмот на браќата Џоел и Итан Коен, Џорџ Клуни глуми еден холивудски актер од педесетите година која слава стекнал со историските филмови, но сред снимањето на еден филм е киднапиран. Фестивалот заеднички беше отворен од претседателската на овогодинешното фестивалско жири Мерил Стрип и директорот на Берлинале Дитер Кослик.