Благодарение на својо шик и модерен стил на облекување, Амал Клини стана една од модните икони на денешнината. Сепак, и таа е спремна понекогаш да експериментира, па на забава која ја организирала со сопругот се појави во многу провокативно издание. Убавата адвокатка за оваа прилика избра светликав златен фустан кој повеќе откривал отколку што покривал. Исклучително кратката тоалета ги покажа нејзините слаби нозе, а во вакво издание Амал беше во центарот на вниманието.
Оваа забава е одржана на Ибица, а повод за тоа е лансирањето на новата текила на Клуни. И додека другите наздравувале со омилениот пијалок, Клуни не можел да го тргне погледот од својата сопруга. Тие ова лето максимално го искористија за одмор, па претходниве неколку месеци ги минаа воглавно во својата вила во Италија, каде неколку пати во посета им доаѓаа семејни пријатели. Откако се венчаа минатиот септември, живееја и во Њујорк, Лос Анџелес и Лондон.