Убавата адвокатка за човекови права ја искористила слободната вечер за излегување со сопругот. За ладната њујоршка ноќ Амал Клуни избрала уште една интересна модна комбинација која ја издолжила нејзината фигура, а голем акцент е ставен на нозете.
Амал Клуни стана вистинска модна икона. Оваа пролет се носат панталони со нагласен принт, па не не чуди што всушност еден таков модел избрала и оваа вљубеничка во модата.
Жолтите панталони со геометриски принт во облик на трапез и со потпис на брендот Giambattista Valli од предесенската колекција за 2015 година, се комбинирани со крзнен црн топ кој го открива нејзиниот стомак и капут во иста нијанса.
Токму панталоните го даваат посебниот печат на целиот стајлинг и ја издолжуваат нејзината фигура. Високиот струк, бојата на пантолоните и комбинацијата со високи потпетици визуелно ја издолжуваат фигурата.
извор:dnevnik.hr