Британската адвокатка Амал Клуни, сопруга на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни, ќе предава на познатиот њујоршки Универзитет Колумбија, пренесуваат американските медиуми. Амал Клуни, која стекна меѓународна репутација во областа на човековите права, го бранела основачот на Викиликс Џулијан Асанж и поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко.

Била и правен советник на поранешниот генерален секретар на Обединетите Нации Кофи Анан за Сирија. Амал рекла дека и е голема чест да биде професор по право на универзитетот Колумбија кои има голем број талентирани студенти. Таа веќе држела предавања на академијата за меѓународно право во Хаг, како и на факултетите во Њујорк и Лондон.