Убавата адвокатка Амал Клуни денес полни 38 години, а вчера ги освои сите модни критичари со својата комбинација на црвениот тепих. Како придружба на својот сопруг, актерот Џорџ Клуни, заблеска во краток бел фустан на премиерата на филмот ‘Hail, Caesar!’. Но, Амал не импресионира само со своите фустани, туку и со дневните комбинации за на работа. Успешната адвокатка за човекови права поради природата на својата работа не може константно да биде во вечерни фустани, но затоа со леснотија ги комбинира дневните парчиња кои се се само не здодевни.
Сепак, не им одолева ниту на креациите со потпис, а меѓу омилените дизајнери и се Жанбатиста Вали, Стела МекКартни, Версаче, Кристијан Диор, Армани и Долче и Габана. Така за секојдневните комбинации бира фустани и сукњи со средна должина, но и пантолони со рамен крој со сакоа и кошули. За ноќните излегувања секогаш избира фустани, а еднакво кокетира и со должини до подот и со оние кои ги откриваат витките нозе. Неизоставен детал и се салонки со високи потпетици кои неретко се во металик варијанти, а заштитен знак и е долгата и распуштена коса и минималната шминка.