Џорџ Клуни наскоро би можел да стане татко. Иако светските медиуми веќе одамна ја посакуваат оваа среќна вест, таа овој пати би можела навистина да биде точна. Списанието „ОК!“ пишува дека убавата адвокатка Амал е бремена веќе 14 седмици. Шушкањата за нејзината бременост почнаа уште на премиерата на филмот ‘Our Brand is Crisis’.
Имено, на премиерата Амал воопшто не конзумирала алкохолни пијалоци. Бидејќи се плашат од компликации, Амал и Џорџ сеуште не сакаат веста да ја презентираат во јавност. Клуни наводно многу внимава на својата сопруга и проверува дали доволно јаде, а дури и нарачува и достави како би бил сигурен дека јаде доволно. Извор за списанието изјави дека Џорџ едвај чека дете и дека се надева на момче.