Охридските “бели” добро ги испотија своите навивачи на патот до втората победа сезонава.Имаа водство од плус 23,а на крајот мораа да се спасуваат во последните секунди.Пеколно започнаа охригани а предводени од капитенот Тасески по само две минути игра имаа 10-0 водство.
Едноставно се` им одеше од рака во првиот период ,асистенции ,тројки. Металците никако да го пронајдат својот ритам ,силуваа удар за три,а немаа против игра во одбранта за Фрај .Слабата игра на гостие продолжи и во вториот период кога за 7 мин игра постигнаа само пет поени.Тоа не им сметаше на охригани кои благодарение на Фрај кој на полувремето “броеше” до 15 и браќата Стојановски стигнаа до +20 на полувремето.
Пристуните во салата очекуваа вискока и убедлива пообеда ,но сето стореното во првото полувреме се сруши како кула од карти, охригани “оладија” на полувремето и му дозволија на гостите преку Петровски и Бол кои искомбинираа (23 поени во овај период) не само да се вратат во игра него и во 37 за прв пат дојдоа во водство.Само 4 поени постигнаа домакините во овај период на игра притоа не релизирајки 11 пенали.Се созедоа при крајот а Д. Стојаноски се погрижи за водство по три периоди игра.
Стартот на последниот период повторно им припадна на металците,но полека ги стигаше заморот а со три тројки по ред, Вегов и на два пати Д.Стојански охригани се вратија во водство 73-69. Со поен предност влегоа во последната минута белите, а капитенот Тасески ги одведе на плус три.Напад на гостите кој не го искористија, а во контра победата атрактвино со забивање ја запечати О Нил Корд.
АМАК СП – МЗТ 79-74 (22-12,23-13,14-30,20-19 )
Сала Б Извори .Гледачи 1.500 Судии Денкоски ,Крстески Сарџоски – Скопје
Натпреварот помеѓу Соколи – Рабтонички не се одигра поради тоа што домакините барале фискални сметки од судиите за наплата на нивните налози .