Куп освојувачот Амак СП во „Билјанини ИЗвори“ го пречекува Фени Индустри , додека Пелистер во Младост игра против Работнички.
–Третото место е уште во игра и ние ќе се обиде со сите сили да стигнеме до него – вели Марјан Лазовски. Победа над Фени тоа како би била добредојдена за да се врати самодовербата кај играчите.
И капитенот на “езерџиите“ Ефтим Богоев очекува победа и прекин на серијата порази.
– Серијата порази се должи и на заморот кој не стигна, по овај пеколен ритам среда – сабота.Фени е наш должник и денес е денот да го наплатиме долгот.
Победа во последните две кола над Фени и Овче Поле в среда, зачинета со еден пораз на Пелистер во дуелите со Работнички и МЗТ, за Амак СП би значело пласман на третото место на табелата и натпревар против Овче Поле во четвртфиналето од разигрувањето за титулата.