Охридскиот Амак Сп попладнево како гостин во салата Јане Сандански против МЗТ ќе го одигра послениот натпревар од 8-то коло во кошаркарската суперлига. Охриѓани се наоѓаат во серија од три негативни резултати и се се` подалеку од третото место.


Денешниот натпревар е од посебно значење бидејќи Амак има 2-1 предност во меѓусебните пресметки и со победа денес во евентуалната пресметка со МЗТ во плеј офот би влегле со 1-0 предност.


На останатите натпревари Фени го совлада Пелистер 70-60, додека Работнички го демолираше Овче Поле 97-49.

М.П.