Егал 17-17 заврши првиот период кој мина во шутерски стил, во кој предничеа гостите кои погодија 5/8 за три. Играта за три беше главното оружје на скопјани, но охриѓани со колективна игра парираа на гостите поентирајќи од изградени позции. Агоч во тие моменти беше најкорисен реализирајќи ги додавањата на Богоев и Гамбирожа.
Комплетна спортивност беше играта во вториот период, гостите се одлучија да ја спуштат топката, а израмнето се играше се до средината на периодот кога во игра се врати капитенот Богоев кој ја отвори мини серијата. Тројката на Д.Стојаноски и поените В Стојаноски ги одведоа “езеџериите“ на плус 8 (40-32) најголемата предност во првиот дел. Тројката на Трајловиќ ја врати предноста на пристојни плус пет за Амак 40-35, по првото полувреме.
Одморот беше добредојден за “штрковите“ кои отвараат 10-0 серија на стартот од третата четвртина, која донесе пресврт и плус пет (40-45) највисоко водство за МЗТ. Траиловиќ со две тројки и Блажески ја прават разликата. На “белите“ им беше потребен тајм аут да се соземат. Серијата ја прекинува Богоев, а охриѓани носени на плеќите на Фрај прават серија 14-1 по која стигнуваат на плус седум (56-49). Враќа Блажески со три, додека на спротивната страна Д.Стојаноски враќа од истата дистанца.
Како го заврши така го започна периодот Д.Стојаноски обезбедувајќи ја првата двоцифрена предност. Не функционираше нападот на гостите во првите пет минути од последниот период во кој постигнаа само два поени и тоа од линијата за слободни фрлања. Митев немаше друг избор освен да ги повика своите на консултации. Сепак не се смени многу сликата на теренот, Фрај го продолжи својот танц обезбдувајќи двоцифрена предност 72-61 на 1.40 до крајот. Кошаркарите на Амак рутинирано го приведоа мечот до крај не дозволувајќи изненадување.