Со натпрварот против Торус, Амак СП ќе ја отвори втората фаза од сезоната.

Поради подготовките на охридската спортска сала за претстојното Европско првенство во ракомет, Амак СП натпреварот против Торус ќе го игра како домаќин во салата “Нико Нестор“ во Струга со почеток во 16 часот.

На остантите натпрвари играат:

Кавадарци : Фени индустри – Ф. Работнички,
Скопје : Вардар – МЗТ Скопје,
Свети Николе: Овче Поле – Соколи
Битола : Пелистер – Поп спорт

М.П.